ПМФЛ: Шампионот до бод, Шкупи ја растури Воска и сега е лидер, триумф на Шкендија, неверојатен пресврт во Штип, Васоски со кошмарно деби за Силекс! (ВИДЕО)

738

Попладнево се одиграа петте средби од 19.коло во ПМФЛ. Во дербито на Маџари, Работнички и Струга ТЛ одиграа 0:0. Добар фудбал, посебно во второто полувреме со по неколку шанси за гол на двете страни. Во финишот Радески можеше и мораше подобро да реагира пред домашниот гол, Рашид спаси чист гол. Додека Мазари на другата страна имаше зицер но Ќосевски спаси.

Реално реми на Маџари.

Шкупи просто ја згази Воска и тоа со 3:0 и тоа со двата гола на новакот Гронер и еден на Трапановски. Прв меч за Норвежанецот и веднаш блескав наста, нема што, Гронер е големо засилување за чаирчани.

Што е поважно, со оваа победа Шкупи сега изби на лидерското место на табелата.May be an image of 6 people, people playing soccer, people playing football and text

Шкендија со голот на Тотре успеа да победи во Ѓорче против Македонија ЃП со 0:1.

Кошмарно деби на Васоски на клупата на Силекс. Кратовци се поразени дома од Брера со 0:1 и тоа со голот на Стамениќ.

Трилер меч во Штип, неверојатен пресврт. Тиквеш до 87.минута водеше со 0:1, за да потоа Ѓорѓи Ѓорѓиев израмни, за да потоа и Пепи Ѓорѓиев во 90+8.минута донесе победа.

Вчера во првиот меч од ова прво пролетно коло Гостивар и Вардар одиграа 1:1.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 19.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2:1

(Ѓ. Ѓорѓиев 87., П. Ѓорѓиев 90+8. /Спахиу 40.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0:1

(/Тотре (п) 29.)

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 0:0

ШКУПИ – ВОСКА 3:0

(Гронер 4., 50., Трапановски 45./)

СИЛЕКС – БРЕРА 0:1

(/Стамениќ 90)

ВЧЕРА

ГОСТИВАР – ВАРДАР 1:1


▶️ ГОЛОВИ… ГОЛОВИ… ГОЛОВИ…

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 

 

ШКУПИ – ВОСКА

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

 

СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА

 

ПретходноАтанасов со гол од пенал и донесе бод на Краковија! (ВИДЕО)
СледноСтоле блескаше: Рајо со херојско реми против Реал Мадрид! (ВИДЕО)