Уште една фантастична партија на Шортс крунисана со МВП и пехар (ВИДЕО)

230

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс продолжи со фантастичните настапи. Овој пат тој го предводеше својот тим Париз до историја. Во финалето на Купот на Франција дојдоа до победа над Нантер со 90-85, а тој се закити со МВП признанието, а неговиот тим со првиот пехар во ова натпреварување.

Натурализираниот Македонец во триумфот на својот тим постигна 26 поени, два скока и две асистенции. И не само ова Шортс ги постигна победничките поени за својот тим на 46 секунди пред крајот на средбата.

ПретходноРеал Мадрид ја продолжи својата трофејна бајка го свои Купот на Шпанија
СледноАнчелоти за Ѓулер: Тој ќе биде чудо од играч, верувајте ми!