Одличен натпревар одигра Брајтон денеска на гостувањето кај Шефил и забележа убедлива победа од 0:5. Момците на Роберто Де Зерби просто си поигруваа со домашните фудбалери.
Гостите во водство дојдоа во 20.минута со голот на Буананоте. Сепак треба да се каже дека Шефилд остана со играч помалку на 0:0 откако Холгејт доби црвен картон.
Тоа и како му помогна на Брајтон кој во 24.минута преку Велбек дојде и до 0:2.
Потоа беше се полесно за гостите, па така со автоголот на Робинсон и со двата гола на Адингра, мечот заврши со конечни 0:5.
А еве зошто Холгејт доби директен црвен картон:
Mason holgate was complaining after this tackle, he should be banned for the season! pic.twitter.com/A3fSZpdbv6
— FPL GOAT (@FPLGOAT7) February 18, 2024