Секогаш кога меѓусебе играат Брегалница и Тиквеш тие натпревари се нешто посебно. Штип и Кавадарци се фудбалски ривали, без разлика кој каде се наоѓа на табелата, однапред ништо не се знае. Да се победи ривалот, тоа било отсекогаш и ќе биде.
Посебно сега кога уште на стартот на пролетниот дел на “сините“ бодовите им се потребни и тоа како. Во пресрет на овој денешен меч Брегалница е последна. Ќе биде интересно, супер интересно.
Ќе следиме и тренерски дуел меѓу Горан Здравков и Ѓорѓи Мојсов, двајца наши млади но во исто време и квалитетни тренери пред кои убава иднина.
Александар Васоски денеска во Кратово ќе го има своето деби на клупата на Силекс на еден официјален меч. Судбината сакаше Васоски да го води својот нов против Брера Струмица, некогашна Академија Пандев. Познато е дека тој на клупата на струмичани беше во два мандати, многу добро знае што треба да се победи тој тим. Гостите во Кратово ќе се обидат да дојдат барем до бод, секој бод за нив е голем како планина во битката за опстанок.