Волкановски ја загуби титулата во УФЦ (ВИДЕО)

1802

Синоќа во Анахајм (САД) се одржа турнирот во мешани боречки вештини UFC 298, во чија главна борба актуелниот шампион во перо категорија (до 65 кг), Австралиецот со македонски корени Алекс Волкановски, беше поразен од Грузиецот Илја Топурија.

Борбата заврши со победа на Топурија со нокаут во втората рунда. Така, Илја стана нов шампион на UFC во перо категорија. Топурија има 27 години, а своето професионално деби го имаше во 2015 година.

35-годишниот Волкановски во својата ММА кариера има 26 победи и четири порази. Алекс претрпе два од четирите порази во борбите со шампионот во лесна категорија, Русинот Ислам Махачев.

ПретходноМекланг повторно најдобар во забивање, Лилард најдобар „тројкаш“ (ВИДЕО)
СледноШто се случува со Алкараз: Елиминација на турнирот во Буенос Аирес