Сега веќе нема дилеми дека во јуни ќе се случи трансферот на деценијата ако не и трансферот на 21 век. Се е подготвено Килијан Мбапе конечно да го облече “белиот“ дрес на “кралевите“. Се чека само официјална потврда од Реал Мадрид, од ПСЖ има официјално дека во јуни Мбапе нема да биде веќе нивни играч.
Инаку контактите меѓу Мбапе, односно неговите менаџери и Реал се интензивирани.
Во моментов се бара куќа во Мадрид каде Килијан ќе престојува кога ќе биде член на Реал, а интересно е тоа што се шпекулира во шпанските медиуми, а тоа е дека Флорентино Перез веќе му ја исполнил првата желба на Французинот.
Иако е таа најмала, секако во однос на парите, но сепак…
Имено Мбапе побарал личен возач во Мадрид, ако се знае дека тој сеуште нема положено возачки испит, а Дон Флорентино веднаш му ја исполнил таа негова желба. Кажано му е на Килијан дека ако треба и двајца лични возачи ќе има во Мадрид.