Ибрахимовиќ наскоро ќе игра за Косово?!

3267

Како што се шпекулира во медиумите од Косово, челниците на тамошниот фудбалски сојуз почнале да го убедуваат младиот Аријон Ибрахимовиќ (18) да игра за селекцијата на таа земја.

Инаку Ибрахимовиќ е голема надеж на Баерн Минхен, за кого веќе напаѓачот има деби настап за првиот тим, но сега игра за Фросиноне и тоа како позајмен играч.

Ибрахимовиќ има играно за сите младински селекции на Германија, но не и за најдобрата.

Тој е роден во Нирнберг, но неговите родители потекнуваат од Призрен.

ПретходноФК Тиквеш со потврда: Фетаи е во болница, имал мал потрес на мозокот!
СледноБенфика на Талески после две години го победи Порто на Митревски