Лирија добро го испоти шампионот, Штип УДГ убедлив

261

Во еден навистина квалитетен натпревар, екипата на Лирија успеа достојно да му парира на шампионот Струмица, па дури и да освои еден сет на најинтересниот меч од 3. коло во плеј-оф фазата од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Лирија на домашен терен почна одлично освојувајќи го воведниот сет, а имаше шанса да го освои и вториот, кој на крајот им припадна на стрмичани на разлика со 28:30.

Интересно беше и на пресметката меѓу Работнички и Универзитет во тетово. И таму гостите прикажаа добра игра и успеаја да освојат еден сет во Скопје. Максимална победа обезбеди екипата на Штип УДГ во дуелот со Весна Пробиштип.

Во плеј-аут зоната Сушево дури во пет сета ја победи Шкендија, а победи за по три бода обезбедија Јанта Волеј и Борец.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 3. коло

Лирија – Струмица 47&71                               1:3 (25:22, 28:30, 18:25, 23:25)

Штип УГД – Весна Пробиштип                        3:0 (25:16, 25:14, 25:17)

Работнички 71&22 – Универзитет во Тетово  3:1 (25:18, 17:25, 25:13, 25:23)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (39); 2. Штип УДГ (33); 3. Работнички 71&22 (33); 4. Лирија (25); 5. Универзитет во Тетово (24); 6. Весна Пробиштип (21).

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 3. коло

ГОК Борец – Македонија Џио                         3:0 (25:18, 25:21, 25:23)

Јанта волеј – Вардар                                      3:1 (25:16, 23:25, 25:14, 25:19)

Сушево – Шкендија                                       3:2 (20:25, 25:17, 26:24, 18:25, 15:7)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (24); 2. ГОК Борец (18); 3. Сушево (14); 4. Јанта Волеј (11); 5. Вардар (5); 6. Македонија Џио (2).

ПретходноТухел за Кејн: Има лоша комуникација на теренот
СледноМиовски специјален гостин на концертот на маестро Трпчески во Абердин! (ФОТО)