Вчера и денеска се одиграа сите шест средби од првото пролетно коло или 19. вкупно во тековната сезона. Ремито на шампионот кај Работнички убаво го искористи Шкупи и со победата над Воска од 3:0, сега е лидер на табелата во ПМФЛ. Струга ТЛ падна на втората позиција, но затоа Шкендија и тоа како се врати во игра, сега сите три екипи се во растојание од три бода. Два од тие три гола за чаирчани беа дело на феноменалниот Норвежанец Емануел Гронер.
По ремито вчера во Гостивар, Вардар за момент го избегна тоа последно место, но неверојатниот пресврт на Брегалница против Тиквеш донесе повторно скопските “црвено – црни“ да се “фенерџии.
Еве како изгледа сега табелата по 19.коло:
ТАБЕЛА
Шкупи 41, Струга ТЛ 40, Шкендија 38, Силекс 27, Гостивар 25, Работнички 24, Брера 23, Тиквеш 22, Брегалница 20, Воска 20, Македонија ЃП 18, Вардар 18 бодови