Завршија првите полувремиња од денешните средби во првото пролетно коло во ПМФЛ. На дербито на Маџари, Работнички и Струга ТЛ на пауза заминаа со 0:0. Неколку удари кон голот на стружани по тешкиот терен. Тодоровски имаше убава шанса.Шампионот некако е тивок освен ударот на Радески. Без голови е игра и во Кратово каде се среќаваат Силекс и Брера.
Тиквеш со голот на Спахиу води со 0:1 во Штип кај Брегалница.
Шкендија со голот на Тотре од пенал има 0:1 кај Македонија ЃП. Шкупи е убедлив против Воска со 2:0, Гронер и Трапановски беа стрелци.