Реал Мадрид ја продолжи својата трофејна бајка го свои Купот на Шпанија

136

Реал Мадрид го освои Купот на Шпанија, откако ја совлада Барселона со 96:85. „Кралевите“ на овој начин дојдоа до 29 пехар во ова натпреварување.

Реал Мадрид одигра подобро во првата четвртина. Имаше и седум разлика, но Барселона на крајот направи серија 5:0 и беше 19:19. Барселона подобро го отвори во втората четвртина, на паузата беше 43:45.

Ниту третиот дел не понуди одговор на прашањето околу победникот, што пак ветуваше драма. Кралевите отидоа на +9, Барселона се врати на -4, но Реал Мадрид водеше со 91:79 на минута и пол до крајот и стави крај на сите дилеми.

 

ПретходноАлкалоид ја доби драмата со Тиквеш и остана перфектен (ФОТО)
СледноУште една фантастична партија на Шортс крунисана со МВП и пехар (ВИДЕО)