Македонското дерби во хрватскиот шампионат им припадна на Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Нивниот Динамо Загреб на домашен терен славеше минимално (1-0) против Вараждин тим за кого настапува Димитар Митровски.
Домаќинот поведе со 18 минута со голот на Петрковиќ од белата точка. На крајот ова беше и единствениот погодок на оваа средба. Во 81. минута гостите имаа шанса да изедначат на 1-1, но голманот на Динамо, Невистиќ одбрани.
На стартот на второто полувреме, Стефан Ристовски беше заменет, додека пак Адеми во 66 минута. На другата страна македонскиот фудбалер, Митровски во 69 минута заработи жолт картон.
За Динамо ова беше 13-та победа оваа сезона се наоѓа на третото место со 44 бода, додека пак Вараждин е осми на табелата.