Столе блескаше: Рајо со херојско реми против Реал Мадрид! (ВИДЕО)

1986

Уште една нова одлична партија на Столе Димитриевски во дресот на Рајо Ваљекано и тоа против Реал Мадрид. Мечот заврши со резултат 1:1 попладнево во рамките на Ла Лига.

А не започна добро за Македонецот. Хоселу уште во 3.минута го совлада Димитриевски за водство од 0:1. Во првиот дел Столе имаше една добра интервенција, но ќе се памети што му одбрани на Тони Крос во вториот дел.

Во 27.минута де Томас од пенал ги постави конечните 1:1. До крајот на мечот Реал притискаше, но сепак Столе и неговите соиграчуи издржаа и дојдоа до голем бод.

ПретходноПМФЛ: Шампионот до бод, Шкупи ја растури Воска и сега е лидер, триумф на Шкендија, неверојатен пресврт во Штип, Васоски со кошмарно деби за Силекс! (ВИДЕО)
СледноФото на денот: Пепи е херојот на Брегалница! (ФОТО)