Струмица тргна победнички против шампионките во првото пролетно коло

114

Викендов официјално започна и пролетниот дел од шампионатот во женска конкуренција. Четирите најдобри тима од првиот дел од сезоната ја почнаа втората фаза т.н. (плеј-оф), додека преостанатите четири тима ќе се борат за опстанок низ плеј-аут делот.

Шампионот Работнички тргна со пораз на гостувањето кај лидерот Струмица. На гостувањето вчера, струмичанки уште еднаш ја потврдија својата кандидатура за титулата, откако во четири сета со 3:1 беа подобри од скопскиот состав.

Уште повозбудлив беше вториот меч, каде Јанта Волеј во пет сета дојде до победа над Наковски Волеј, а гостинките и покрај поразот успеаја да освојат еден бод и да покажат дека трката за титулата до крај ќе биде неизвесна. Јанта Волеј со оваа победа се проби на второто место.

Во зоната за опстанок Фит Фан Волеј со максимални 3:0 го победи Вардар 2019, додека дуелот во Штип меѓу Младост УДГ и Вардар ЕМ е закажан за утре од 18 часот.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, 1. коло

Струмица  – Работнички Скопје                       3:1 (17:25, 25:15, 25:14, 28:26)

Јанта волеј – Наковски волеј                         3:2 (23:25, 25:19, 25:19, 21:25, 15:8)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (43); 2. Јанта Волеј (30); 3. Наковски В. (29); 4. Работнички (26);

Прва лига (жени), Втора фаза-2, 1. коло

Фит фан волеј – Вардар 2019                        3:0 (25:15, 25:22, 25:16)

Младост УГД – Вардар ЕМ                            (понеделник, 18.00)

ТАБЕЛА: 1. Фит Фан Волеј (22); 2. Младост УДГ (14); 3. Вардар ЕМ (7); 4. Вардар 2019 (0).

ПретходноМиовски специјален гостин на концертот на маестро Трпчески во Абердин! (ФОТО)
СледноВучиќ жестоко му “врати“ на Обрадовиќ: „Ова е одвратен напад на државата, и не само од него“!