Со вчерашната победа на натпреварот од 22. коло на германската Бундес лига на гости кај Хајденхајм (1:2), Баер (Л) предводен од Чаби Алонсо го повтори постигнувањето на Баерн од 2019/2020 година, кога клубот од Минхен не загуби на 32 натпревари по ред на сите турнири.
Оваа сезона Баер извојува 28 победи и четири пати ремизираше, без ниту еден пораз.
„Фармацевтите“ по 22 кола од германското првенство стигнаа до 58 бода и моментално имаат осум бода повеќе од најблискиот конкурент за титулата, Баерн, кој уште еден натпревар помалку.
Во следното коло од Бундеслигата, избраниците на Чаби Алонсо ќе играат против Мајнц.