Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во полуфиналето на турнирот во Буенос Аирес, каде ја бранеше титулата, откако утрово беше поразен од Чилеанецот Николас Жари со 7:6 (7:2), 6:3.
Шпанецот нема освоено трофеј од минатогодишниот Вимблдон, што покажува во колкава криза се наоѓа. Жари во борбата за трофејот ќе игра против Аргентинецот Факундо Диаз Акоста, кој претходно со 6:2, 6:3 го совлада сонародникот Федерико Кориа.
Поразот на Алкараз значи дека Новак Ѓоковиќ од понеделник дури ќе ја зголеми разликата на новата врвот на АТП листата во однос на Карлос. Шпанецот поради неуспехот за одбрана на титулата ќе загуби 150 бодови, додека Новак останува на истото бодовно салдо.