Австриската скијачка Стефани Венир за првпат во кариерата победи на трка во Супер-Џи од Светскиот куп, победувајќи денеска во Кран Монтана, Швајцарија.
Скијачката од Тирол победи во тесна трка пред Италијанките Федерика Брињоне (+0,04) и Марта Басино ( +0,15), додека лидерката во генералниот пласман, Швајцарката Лара Гут-Бехрами, беше шеста.
Венир веќе има две победи во спуст во кариерата, вклучително и една оваа година во Кортина д’Ампецо.
Вчерашната сензација во спуст, Елведина Музаферија од БиХ, денеска со стартен број 46 го зазеде 16. место.