Во Баерн Минхен веќе знаат што ќе прават со Тухел

1303

Баерн Минхен вечерва претрпе голем удар, беше поразен на гостувањето кај Бохум (3:2) во натпреварот од 22. коло на Бундес лигата. Многумина се сигурни дека Томас Тухел ќе добие отказ по новата бламажа на Баварците, а германските медиуми пишуваат дека веќе е позната судбината на овој тренер.

Веднаш по мечот во германските медиуми се појавија шпекулации дека Томас Тухел вечерва би можел да добие отказ или да поднесе оставка, но како што стојат работите се уште нема да видиме такво сценарио.

Тамошните медиуми кој будно ја следат ситуацијата во Баерн, најавија дека ништо нема да дојде од заминувањето на Тухел од клупата на Баерн, особено не вечерва, како што најавија многумина. Тој останува, засега немаат намера да го сменат, ниту пак да си поднесе отказ.

ПретходноАнчелоти за Ѓулер: Тој ќе биде чудо од играч, верувајте ми!
СледноСонот за титула згаснува, Милан на колена пред Монца!