Вучиќ жестоко му “врати“ на Обрадовиќ: „Ова е одвратен напад на државата, и не само од него“!

873

По вчерашното финале во Купот на Србија, по новиот пораз од Ц.Звезда, свој коментар на пресот имаше Жељко Обрадовиќ.

Најтрофејниот кошаркарски тренер во историјата покрај другото кажа дека Партизан за разлика од некои други не е “државен проект“. Секако дека мислеше на силната врска меѓу Ц. Звезда и претседателот на Србија Александар Вучиќ кој не крие дека е голем фан на “црвено-белите“.

По ова секако дека свој коментар имаше самиот Вучиќ кој остро му “врати“ на Обрадовиќ:

Ова е одвратен напад на државата. Речиси секој ден се случува ова, и не само од него туку и од луѓе од Ц. Звезда. Верувајте дека ништо не би било од Партизан и Ц. Звезда да не е државата. Ниту еден клуб во Европа нема таква поддршка каква што имаат овие два клуба од државата Србија. Знаете ли како ги плаќаат даноците? Ние денеска ќе им уплатиме пари а тие утре ќе го платат данокот со истите тие пари што сме им ги дале како држава. Знаете ли дека Партизан осум години немаше да игра европски меч ако не беше државата, а тие биле демек чесни. Еве со мојот живот гарантирам дека со денешниот ден Партизан и должи на државата 6 милиони евра а Ц. Звезда 1,2 милиони евра“ рече покрај другото првиот човек на Србија.

Ова можеше и да се очекува ако се знае и двата клуба и за европски услови во кошарката имаат големи буџети а во Евролигата резултатите им се катастрофални.

И сега доаѓа тоа очекуваното…нервозата за неуспесите и бадијала потрошените пари кои се некаде околу 50 милиони евра годишно за двата клуба, КК Партизан и КК Ц. Звезда.

ПретходноСтрумица тргна победнички против шампионките во првото пролетно коло
СледноЈокиќ и Дончиќ во елемент: Мала зафрканција меѓу двете мега – ѕвезди! (ВИДЕО)