ПМФЛ: Шампионот е фаворит против Работнички, “лавовите“ на мегдан со Шкендија, Шкупи ја пречекува Воска!

156

 

Вчера со мечот Гостивар – Вардар (1:1) стартуваше пролетната полусезона во тековната сезона во ПМФЛ. Денеска од 14 часот се играат преостанатите пет меча од 19.коло или прво пролетно. Интересно ќе биде во Кратово, уште повеќе на дуелот меѓу големите ривали Брегалница и Тиквеш, но дербито на ова коло се игра на “Борис Трајковски“ во Скопје каде шампионот му гостува на Работнички. За неверување е традицијата кога станува збор за овие два клуба. Досега одиграле 16 пати а Работнички победил само еднаш, додека Струга ТЛ десет пати, на пет меча било реми. Значи Работнички му е редовен муштерија на тимот од Струга.

“Традицијата на страна, секој меч е посебен сам по себе. Очекувам тежок меч за нас, тешко гостување. Респект за Работнички, но ние како и на секој меч одиме на три бода. Само така можеме да ја одбраниме титулата“ истакнува Бесмир Бојку, еден од клучните играчи на Струга ТЛ.

На стадионот во Ѓорче домашниот состав на Македонија ЃП ја дочекува Шкендија. Меч од посебна важност за двете екипи, “лавовите“ во битката за опстанокот а тетовци во потерата по Струга ТЛ во битката за титулата. Шкендија под водство на Јетон Беќири едноставно мора да победува во серија.May be an image of 7 people, people playing soccer, people playing football and text that says '#SHKENDIJA CATAPULT'

Вториот Шкупи нема да има лесна задача со гостите од Охрид. Чаирчани на хартија се  фаворити, на табелата пред денешните мечеви се втори, но Воска има добар состав кој може да изненади било кого во оваа наша елитна лига и нема да биде сензација ако денеска на Чаир дојде и до бод.

ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Македонија ЃП – Шкендија

Силекс – Брера Струмица

Шкупи – Воска

Работнички – Струга ТЛ

Брегалница – Тиквеш

ВЧЕРА:

Гостивар – Вардар 1:1

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 39, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 27, Гостивар 25, Работнички 23, Тиквеш 22, Брера 20, Воска 20, Македонија ЃП 18, Вардар 18, Брегалница 17 бодови

ПретходноБрегалница – Тиквеш е дуел за уживање, Васоски со Силекс против “својата“ Брера!
СледноЧаби Алонсо почна да ги урива рекордите на Баерн (М), 32 меча без пораз!