Сонот за титула згаснува, Милан на колена пред Монца!

238

По Бундес-лигата, и во Серија А се случи сензација. Монца за првпат во својата историја дојде до победа против Милан. Ова беше доста возбудлив меч од 25-то коло во италијанскиот шампионат. „росонерите“ ова беше болен пораз, по него веројатно згаснаа соништата за титулата.

Сега Милан е трет со 52 бода, два помалку од Јувентус, а 11 од Интер со натпревар помалку. Монца е на 11. место со 33 бодови.

По голот на Пулишиќ за 2-2 во 88 минута се чинеше дека „росонерите“ ќе успеат да спасат бод. Но. Бондо две минути го врати водството на домашниот тим за 3-2. Голот беше проверен во ВАР собата, истиот беше чист. И тука не застана бајката на Моца, на крајот на судиското продолжение, Коломбо ги постави конечните 4-2.

Милан тргна доста офанзивно во вториот дел, но веќе во 53. минута нов студен туш за „росонерите“ останаа со играч помалку. Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ направи неверојатна грешка и намерно удири играч на Монца во дуел без топка.

Судијата Коломбо најпрво му покажа жолт картон на Јовиќ, но кога доби совет од ВАР собата да ја гледа репризата, се предомисли и му даде директен црвен картон на Србинот.

Претходно во 45. минута Песина реализираше пенал за 1-0, а потоа во шестата минута од судиското продолжение Мота зголеми на 2-0. Гостите во 65 минута преку Жиру намалија на 2-1, а потоа следеше голот за изедначување на Пулишиќ и неверојатниот крај на Монца.

ПретходноВо Баерн Минхен веќе знаат што ќе прават со Тухел
СледноСпектакл на Ол-Стар мечот, испишана е историја (ВИДЕО)