Македонскиот маратонец Дарио Ивановски денеска уште еднаш испиша историја во македонската атлетика!
На денешниот маратон во Севиља (Шпанија) на кој на стартната линија се појавија преку 250 елитни маратонци од целиот свет, со цел да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките Игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим, меѓу нив беше и најдобар наш маратонец кој оствари извонреден резултат од 2:08:25, што беше на само 15 секунди до обезбедување олимписката норма за ЛОИ во Париз.
Овој резултат претставува нов македонски рекорд и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим. Со овој резултат Дарио ќе скокне на ранг листата за учество на Олимписките Игри во Париз, со што би требало да значи и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз.
Досегашниот македонски рекорд кој Дарио го постави на 3 декември 2023 во Валенсија (Шпанија) изнесуваше 2 часа 11 минути и 53 секунди.