Евертон со гол во финишот спаси бод против Палас

102

Екипите на Евертон и Кристал Палас одиграа 1:1 во последниот меч од 25 коло во Премиер лигата. Двата гола паднаа во второто полувреме, а поведоа гостите со гол на Џордан Ајев во 66 минута.
Во 84 минута нововлезениот Амаду Онана го изедначи резултатот и донесе бод за својата екипа. Евертон постигна 10 гола по изведени корнери оваа сезона, а три од нив се дело на Онана.
Поделбата на бодови не е баш по мерак на двете екипи затоа што остануваат при дното. Палас е на 15-тото место со 25 бодови, а Евертон има 20 исто колку и Лутон кој е под него и е во опасната зона.

ПретходноЏирона запрена во Билбао, Реал избега на +6
СледноБилд: Клучниот играч на Баерн сака да замине поради Тухел