Саша Калајџиќ потешко се повреди, ќе мора на операција на коленото, а тоа значи дека Австрија ќе мора на ЕУРО 2024 без еден од своите најдобри фудбалери.
Дека повредата е сериозна, денеска тоа го потврди и клубот на Калајџиќ, Ајнтрахт Франкфурт. Инаку напаѓачот се здоби со повреда на мечот со Фрајбург.
„Калајџиќ на се здоби со руптура на вкрстените лигаменти и страничните лигаменти на коленото на десната нога. Тој ќе биде надвор од терените на неодредено време“ е реакцијата на клубот од Франкфурт.
Кога сме кај Калајџиќ да додадеме дека тој игра за Франкфурт како позајмен играч на Вулверхемптон.