Македонија подобра од Црногорките во вториот пријателски меч

308

Женската репрезентација на Македонија забележа победа од 1:0 во вториот пријателски меч против Црна Гора. Првиот дуел го добија Црногорките со 3:1, а сега нашите фудбалерки му се реваншираа на противникот. Мечот на Цетиње е решен четири минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот кога Ева Конева ја затресе мрежата на Црна Гора.

Македонија: Кристина Павловска (од 73. Миа Петровска), Еда Далипи (од 66. Стефанија Веселинова), Катарина Петкова, Матеа Блазеска (од 73. Рона Рустеми), Слаѓана Ѓоргиева, Никица Трендова (од 66. Ива Јосифова), Веса Села (од 73. Васка Василева), Билјана Панеска, Теодора Далчевска (од 73. Јована Павловска), Сара Мена (од 73. Ана Боризоска), Ева Конева.
Селектор: Мерко Астрит.

ПретходноАзар: Сакам пиво и поради него преку летото качував до пет килoграми
СледноКристал Палас го потврди Гласнер за нов тренер