Марсеј му врачи отказ на Гатузо!

256

Според инфомациите од Франција, а тоа го објави на својот профил и фамозниот Фабрицио Романо, од утринава Џенаро Гатузо не е веќе тренер на Олимпик Марсеј. Се наведува дека раководството на клубот имало состанок со италијанскиот стратег и дека му е кажано дека тој веќе не е тренер на тимот.

Се разбира отказот следува по лошите резултати на тимот во последно време.

Гатузо не забележал победа на последните седум меча на кои го водеше Марсеј, што секако дека е долг период без победа за еден таков клуб каков што е Марсеј.

ПретходноСекоја чест за Седлоски: Работнички против шампионот мечот го заврши со шест младинци во тимот!
СледноРаботите се менуваат од час во час: Баерн има привремена и трајна замена за Тухел