ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бојан Круљ (Брера Струмица)

389

Ретко кој очекуваше дека на гостувањето во Кратово, тимот на Брера Струмица предводен од младиот српски стратег Бојан Круљ ќе успее да го победи Силекс и да ги однесе трите бода во Струмица. Посебно ако се знае дека свое деби на клупата на Силекс имаше Александар Васоски. Исто така и Круљ имаше свое деби на клупата на струмичани на еден официјален меч.

Сепак, Брера успеа. Одигра добро, тактички сосема коректно, и на крај заслужено Круљ и неговите избраници славеа голема победа.

Токму затоа според „СпортСпорт“, Бојан Круљ е тренер на колото во ПМФЛ.

ПретходноМОК потврди дека МВР ги „чешла“!
СледноКоментар на 19.коло: Ова е некој нов Вардар, лудница во Штип, Васоски тргна со пораз…