Убава забава: Лука си “игра“ на Твитер, Леброн кажува вицови… (ВИДЕО)

367

Утринава се испиша историја на НБА Ол-стар мечевите. Имено беа постигнати повеќе од 200 поени од страна на една екипа за време на дуелот меѓу Истокот и Западот. Познато е дека победи Истокот со 211:186.

А дека мега – ѕвездите како Леброн, Дончиќ, Јокиќ убаво се забавуваа за време на мечот убаво се гледа од видеото кое подолу можете да го видите.

Лука Дончиќ за време на паузата си “играше“ на Твитер и објаснуваше што тоа направил, Леброн му раскажуваше вицови на Јокиќ и сите се смееја.

Бевме јас, Вилт Чембрлен, Боб Кузи, Др.Џеј…на мојот прв Ол-стар, таму во таа 1968 година…“.

Јокиќ веднаш ја сфати “приказната“ и се “утепа“ од смеење, додека на Дончиќ му требаше време да сфато што е поентата.

Нема што, убава забава во Индијанаполис.

 

ПретходноЈончевски: Наш адут против Естонија ќе биде домашниот терен
СледноПоради сомневање за злоупотреба: МВР влезе во МОК!