Амар Хот (20) со трансфер од Пелистер во Вардар. Ова значи дека репрезентивниот крилен центар до крајот на сезоната ќе го носи дресот на КК Вардар и ќе се обиде да му помогне во битката за опстанок во нашата кошаркарска елитна лига.
Хот е “дете“ на Феникс 2010, играше и за првиот тим на овој клуб, но минатото лето се одлучи да потпише за Пелистер, но сега се врати во Скопје, но во тимот на Вардар.
Со него составот на “црвено – црните“ доби квалитет под обрачите, а дека станува збор за квалитетен играч доказ е тоа што селекторот Александар Јончевски го повика Хот за претстојните квалиикациски мечеви на нашата најдобра репрезентација.