Кошаркарите на Бруклин Нетс го отпуштија тренерот Жак Вон поради лошите игри и последниот пораз од Бостон Селтикс од 50 разлика. Вон во ноември 2022 година го замени Стив Неш на клупата на Бруклин, а пред една година го продолжи договорот со клубот.
Во последните шест натпревари Нетс забележаа само една победа и се наоѓаат на 11 место на Источната конференција.
Минатата сезона Вон ги однесе Нетс во плеј-офот, но беа елиминирани уште во првата рунда од Филаделфија.