Кошаркарите стартуваат со подготовките, се чека разврската со Војдан Стојановски

157

Македонската кошаркарска репрезентација стартува со подготовките за квалификациките дуели за пласман на Европското првенство 2025 година. Селекторот, Александар Јончевски ќе смета на 14 кошаркари.

Во составот го нема Ти-Џеј Шортс, бидејќи во овој момент нашата репрезентација е дефицитарна под обрачите, па шанса ќе доби новиот Американец со македонски пасош, Итан Хап.

Она што загрижува е повредата на Војдан Стојановски. Во текот на денот стручниот штаб ќе ја има целосната слика, македонскиот репрезентативец треба да ги направи прегледите. После долго време во „црвено-жолтиот“ дрес ќе го видиме Дамјан Стојановски.

Македонија со Естонија игра на домашен терен (на 23. февруари), а потоа три дена подоцна и гостува на Полска (26.февруари).

ПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром

Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – Пелистер

Андреј Маслинко – Пелистер

Амар Хот – Пелистер

Стојан Ѓуроски – Работнички

Виктор Ефремовски – Работнички

Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија

Адем Мекиќ – Задар, Хрватска

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија

СЕЛЕКТОР: Александар Јончевски

ПретходноМакедонија има нов рекордер во скок со стап – Огнен Стефановски
СледноВЛТ ЏЕКПОТОТ на ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зона на паѓање