Англискиот премиерлигаш Кристал Палас официјално се раздели до Рој Хоџсон, а за негов наследник го потврди Оливер Гласнер, човекот кој го предводеше Ајнтрахт до трофејот во Лигата на Европа во сезоната 2021/22.
Австриецот потпишал договор до јуни 2025 година и ќе дебитира на саботниот натпревар против Барнли на домашен терен. Инаку Палас е на 16-тото место во Премиер лигата со 10 порази во претходните 16 натпревари.
Поранешниот дефанзивец поминал 19 години како играч на Рид од Австрија, а потоа почна тренерска кариера во истиот клуб. Една сезона работел во ЛАСК Линц, потоа уште две во Волфсбург, уште две во Ајнтрахт.