Никому не му беше важно како ќе заврши натпреварот и како и секогаш, одбраните буквално ги немаше, а голем број на ѕвезди на крајот приредија спектакл во кој сите уживаа.
За прв пат еден тим ја мина границата од 200 поени. Лука Дончиќ како еден од најдобрите НБА играчи на тимот на Западот постигна скромни седум поени за 22 минути, но имаше и седум скока и асистенции. Наградата за МВП му припадна на Демијан Лилард, кој постигна 39 поени.
Дончиќ во еден момент се посрамоти. Тој сам отиде до кошот, се обиде да си асистира од таблата, но неговото прво забивање заврши на првиот обрач.
Факт е дека Лука оваа акција ќе завршеше во 1000 пати по ред, но не успеа кога беше најпотребно, пред очите на целиот свет.
OH NO LUKA 😭
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 19, 2024