Во напшата редакција викендов притигна видеото кое во светот на домашната одбојка речиси сите го имаат видено. Видео од тепачка на два тренери во кадетска категирија, тренери на деца и „педагози“ кои наместо да бидат пример по добро за околината, тие со тупаници и кавги се обидуваат да исправат некакви си кривини.
Антонио Стојановски тренерот на ОК „ЈАнта Волеј – КВ“ е тренерот кој физички се пресметува со својот колега од ГОК Борец Велес, на 11 февруари во спортската сала на УО „Невена Георгиева – Дуња“.
За инцидентот пишуива и во билтенот на МВР, но и федерацијата има покрената постапка против насилниците и воедно го има санкционирано Антонио Стојановски со парична казна од 40.000 денари и забрана за вршење на тренерска дејност на шест натпревари, поради загрозување на безбедноста на службени лица.
А од самото видео видете го настанот, коментарот на децата во автобусот и потоа домнесете проценка за казната и дали вакви педагози, тренери, спортски работници треба да останат да работат.
Би било добро и неговиот клуб ОК „Јанта Волеј – КВ“ да излезе со став, реакција или соопштение за да објасни дали и понатаму нивните деца ќе бидат воспитувани и тренирани од личности кои правдата ја превземаат во свои раце и ја решаваат со боксови.