Супер-деби на младиот Анес Мелиќи во дресот на Шкендија!

670

И дефинитивно Шкендија во своите редови, како и македонскиот фудбал зошто Анес Мелиќи (18) игра и за младите селекции на Македонија, има уште еден бисер.

Вчера Мелиќи доби шанса од стратегот Јетон Беќири да дебитира во дресот на Шкендија на еден офцијален меч и тоа како стартер на гостувањето кај Македонија ЃП. Шкендија победи со голот од пенал на Енур Тотре, но сите по мечот го коментираа настапот на младиот Анес кој со само 18 години и во својот прв меч во кариерата во првиот тим на Шкендија, едноставно како стопер го неутрализира прво Балотели, а потоа и Фазли.

Нема што, Анес со своите 192 см е голем, огромен потенцијал. Тој е “дете“ на Шкендија. Иако по вокација е дефанзивец, сепак и тоа како знае фудбал. Станува збор за еден модерен стопер.

Уште во Анталија тренерот Беќири го пофали младиот стопер, му даваше шанса на пријателските, а Анес, кој е капитен на У-17 Македонија, врати со одлични игри па дури беше и стрелец на еден гол.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 19.КОЛО: Гронер за еуфорија на Чаир!
СледноАмар Хот во дресот на Вардар!