Изминатиот викенд се одиграа шесте мечеви од првото пролетно или 19.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Секако дека играч на колото според „СпортСпорт“ е напаѓачот на Шкупи, Норвежанецот Емануел Лонге Гронер кој имаше фантастично деби за чаирчани на денот на својот роденден. И “стегна“ два гола на Воска за еуфорија на Чаир.
Покрај него во тимот на колото се и Ќосевски (Струга ТЛ), Јованов
(Брегалница), Мишковски (Вардар), Рашид (Работнички),
Алтипармаковски (Вардар), Антонио (Брера), Тотре (Шкендија),
Трапановски (Шкупи), Стамениќ (Брера) и П. Ѓорѓиев (Брегалница).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЕМАНУЕЛ ЛОНГЕ ГРОНЕР
Тим: Шкупи
Роден: 18.02.2001 во Норвешка
Кариера: Лин, Валеренга, Кјелсас, Јерв, Сонгдал (Норвешка), Шкупи