Тухел: Сè што можеше да тргне наопаку – се случи!

156

Баерн е во сериозна криза, синоќа во Бохум беше поразен со 3:2 и со тоа значително ги намали шансите во борбата за титулата.

На 12 кола пред крајот на Бундеслигата, Баерн заостанува цели осум бода зад лидерот Баер и многумина веќе им ја честитаат титулата на фудбалерите на Баер Леверкузен.

Раководството на Баерн и покрај поразот реши да ја задржи вербата во Тухел, кој очигледно ќе остане тренер на баварскиот гигант до крајот на сезоната.

„Ваквите порази не се фер. Многу работи тргнаа против нас. Сè што можеше да тргне наопаку, се случи. Мора да го почитуваме противникот. Игравме поинаку отколку во Леверкузен и Рим“, изјави Тухел по поразот и додаде:

„Во моментов тоа не е толку реално. Но и минатата сезона се надевавме до последната секунда и тоа функционираше“, изјави Тухел, кој и покрај се е оптимист и се уште се надева дека ќе ја освои титулата.

Сепак, иако Тухел моментално е таму, не е исклучено многу брзо раководните лица на клубот да донесат одлука за негов отказ и секој последователен кикс може скапо да го чини.

„Ако ме прашувате мене, јас цврсто верувам дека јас и стручниот штаб можеме да го свртиме сето ова. Притисок? Тоа се случува по секој пораз, но денеска се боревме до последната секунда и не се откажавме од обидот да го избегнеме поразот“, изјави Тухел. .

ПретходноСКАНДАЛ ВО ОДБОЈКАТА: Тренери се тепаат пред децата, а тие ги снимаат како се млатат (ВИДЕО)
СледноМакедонија има нов рекордер во скок со стап – Огнен Стефановски