Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и овој понеделник е на врвот на АТП листата.
Најдобриот играч на сите времиња ја минува 413-та недела како тенисер број еден во светот. Ѓоковиќ има 9.855 бодови, 750 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз.
Победникот на Австралија опен, Јаник Синер сега е на третото место, што е најдобар ранкинг во неговата кариера. Минатата недела Италијанецот го крена трофејот во Ротердам и со тоа го престигна Русинот Данил Медведев, кој падна на четвртото место.
Ново лице во топ 10 е Австралиецот Алекс де Минор, кој од 11. место скокна на деветтото место.
До него во Топ 10 се Андреј Рубљев, Александар Зверев, Холгер Руне, Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц.