Јокиќ го прозва Дончиќ пред сите: Тој е очаен, полош од мене!

7237

Никола Јокиќ не беше претерано заинтересиран за Ол-стар натпреварот во кој Истокот го победи Западот со 211:186, но пристигна за убаво да се забавува. Промаши забивања и ја насмеа публиката во Индијанаполис, а и самиот уживаше во „игрите“ на Леброн Џејмс и неговиот најдобар НБА пријател Лука Дончиќ.

И по мечот, кога застана пред новинарите, Јокиќ доби многу прашања за Дончиќ со кој помина одличен викенд. Сомборац беше прашан дали може еден ден да играат заедно. „Не го напуштам Денвер. Не знам, можеби ако дојде Лука и им се налути“, се насмеа српскиот кошаркар.

„Лука беше очаен, не го бива за оваа игра, тој е полош од мене“, додаде српскиот кошаркар чиј роденден е денеска, па го „прослави“ во Индијанаполис, а дали Словенецот го почести кога вечераа тој кажа: „Благодарам многу, јас го частев, Лука не сака да плати ништо “, се насмеа тој.

ПретходноСпектакл на Ол-Стар мечот, испишана е историја (ВИДЕО)
Следно„Марка“ тврди: Мбапе веќе ставил потпис на петгодишниот договор со Реал