Јончевски: Наш адут против Естонија ќе биде домашниот терен

364

Македонската кошаркарска репрезентација има добра шанса после десет години да се врати на европската карта. Во петок „црвено-жолтите“ го стартуваат квалификациите за ЕП 2025 година. На домашен терен ја пречекуваат Естонија, а три дена подоцна е пресметката со Полска. Во нашата група се наоѓа уште и селекцијата на Литванија.

За Македонија одлучувачки ќе биде дуелот против Естонците, особено на домашен терен. Оваа средба мора да се добие за да продолжи европскиот сон.

„На почетокот играме два меча со Естонија и Полска. Во нашата група е Литванија за која не треба да се трошат зборови, додека пак Полска како домаќин има директно место без разлика на кое место ќе заврши. Па Естонија ќе биде нашата шанса. Се надевам на позитивен резултат во овој квалификациски циклус“, рече Александар Јончевски на гостувањето во Канал 5.

Естонија на хартија е фаворит против Македонија, во составот има кошаркари кои се натпреваруваат во силните лиги.

„За разлика од нашиот состав, во оваа репрезентација има пет играчи од шпанското првенство, двајца кои настапуваат во Германија. Ние не можеме да се пофалиме со тој податок, но имаме адут, а тоа е домашниот терен. Се надевам дека ќе имаме поддршка на оваа средба и ќе можеме да се вратиме на европската сцена“.

ПретходноРаботите се менуваат од час во час: Баерн има привремена и трајна замена за Тухел
СледноУбава забава: Лука си “игра“ на Твитер, Леброн кажува вицови… (ВИДЕО)