Екипата на Џирона го запиша третиот пораз сезонава, а вечерва загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао со 3:2 и со тоа се оддалечи од лидерот Реал Мадрид на шест бодови колку што изнесуваше разликата пред ова коло. Реал одигра 1:1 со Рајо Ваљекано, па Џирона доби шанса да ја намали разликата но не успеа. Билбао е тежок терен.
Атлетико погоди по 1 минута и 23 секунди со гол на Беренгер. Така остана на полувреме, а на стартот на второто Џирона изедначи преку Циганков.
Следуваа два брзи гола на Билбао за четири минути, прво Беренгер и потоа Ињаки Вилијамс за водство од 3:1. Во 75 минута Ерик Гарсија намали, а имаа шанса за бод во четвртата минута од судиското продолжение кога Ромеро шутираше под пречката, но еден дефанзивец на Атлетик ја изби топката во корнер.
Атлетик е на петтото место на табелата со 49 бода.