Азар: Сакам пиво и поради него преку летото качував до пет килoграми

288

Еден Азар ја заврши професионалната фудбалска кариера на 33 години. Тој одигра повеќе од 600 натпревари, а замина во пензија како фудбалер на Реал Мадрид. Во Лил и во Челзи беше одличен, но во Реал тотално промашување.

Во подкастот на Џон Оби Микел, поранешниот соиграч од Челзи зборуваше за својата кариера и како неподготвен и со вишок килограми доаѓал на тренинзите на Реал.

Секое лето ставав четири или пет килограми. Мислев дека можам да правам што сакам во слободното време. После десет месеци жестоко темпо и високо ниво, се опуштав.

Не барајте од мене ништо за време на мојот одмор. Уживам да бидам со семејството и да одам на плажа, не барајте од мене да трчам или да вежбам во тие три-четири недели. Можам да играм фудбал на плажа со децата, нема проблем, но не барајте од мене да трчам или да вежбам“, изјави Азар.

„Првите еден до два месеци ми е тешко, ги сметав за загревање, а потоа летав по теренот бидејќи ми требаше време да го доведам телото и умот во најдобра состојба.

А точно е дека се враќав од одмор со пет килограми вишок. Сакам да поминувам време со семејството и пријателите. Ако ми понудиш нешто да јадам, ќе прифатам. И да не ми се допаѓа, ќе го јадам. Јас сум Белгиец, ние сакаме пиво бидејќи мојата земја ги има најдобрите пива во светот. Не пиев секој ден, тоа не е точно, но едно или две по одигран добар натпревар, тоа е точно“, вели Азар.

 

 

ПретходноБешикташ отпушти фудбалер поради профил на сајт за запознавање
СледноМакедонија подобра од Црногорките во вториот пријателски меч