Бешикташ отпушти фудбалер поради профил на сајт за запознавање

591

Бешикташ го раскина договорот со 21-годишниот фудбалер Емирхан Делибаш. Клубот соопшти дека соработката е прекината обострано, а медиумите соопштуваат дека се работи за негов профил на сајт за запознавање.

Делибаш кој има два настапи за сениорскиот тим откако мина низ младинскиот погон на истанбулскиот клуб демантираше дека профилот е негов.

На споменатиот сајт, Делибаш поставил фотографија во дрес на Бешикташ како држи шолја за кафе со неговото име и лажна бројка на години 24.

„Не можам да ги трпам критиките поради овој лажен профил. Сакам да ја искажам мојата посветеност кон тимот. Го сакам Бешикташ и фановите на овој клуб секогаш ми биле мотивација“, напишал Делибаш.

 

ПретходноКошаркарите тргнаа: Новиот Американец од утре на тренинг, Војдан се уште неизвесен!
СледноАзар: Сакам пиво и поради него преку летото качував до пет килoграми