Еден од најдобрите фудбалери на Австрија потешко се повреди, го пропушта ЕУРО 2024!

270

Саша Калајџиќ потешко се повреди, ќе мора на операција на коленото, а тоа значи дека Австрија ќе мора на ЕУРО 2024 без еден од своите најдобри фудбалери.

Дека повредата е сериозна, денеска тоа го потврди и клубот на Калајџиќ, Ајнтрахт Франкфурт. Инаку напаѓачот се здоби со повреда на мечот со Фрајбург.

Калајџиќ на се здоби со руптура на вкрстените лигаменти и страничните лигаменти на коленото на десната нога. Тој ќе биде надвор од терените на неодредено време“ е реакцијата на клубот од Франкфурт.

Кога сме кај Калајџиќ да додадеме дека тој игра за Франкфурт како позајмен играч на Вулверхемптон.

ПретходноКристал Палас го потврди Гласнер за нов тренер
СледноНаполи го отпушти Мацари и го донесе на кормилото словачкиот селектор