Македонската кошаркарска репрезентација стартува со подготовките за квалификациките дуели за пласман на Европското првенство 2025 година. Селекторот, Александар Јончевски ќе смета на 14 кошаркари.
Во составот го нема Ти-Џеј Шортс, бидејќи во овој момент нашата репрезентација е дефицитарна под обрачите, па шанса ќе доби новиот Американец со македонски пасош, Итан Хап.
Она што загрижува е повредата на Војдан Стојановски. Во текот на денот стручниот штаб ќе ја има целосната слика, македонскиот репрезентативец треба да ги направи прегледите. После долго време во „црвено-жолтиот“ дрес ќе го видиме Дамјан Стојановски.
Македонија со Естонија игра на домашен терен (на 23. февруари), а потоа три дена подоцна и гостува на Полска (26.февруари).
ПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2025
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – Пелистер
Андреј Маслинко – Пелистер
Амар Хот – Пелистер
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија
СЕЛЕКТОР: Александар Јончевски