Кристал Палас го потврди Гласнер за нов тренер

190

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас официјално се раздели до Рој Хоџсон, а за негов наследник го потврди Оливер Гласнер, човекот кој го предводеше Ајнтрахт до трофејот во Лигата на Европа во сезоната 2021/22.

Австриецот потпишал договор до јуни 2025 година и ќе дебитира на саботниот натпревар против Барнли на домашен терен. Инаку Палас е на 16-тото место во Премиер лигата со 10 порази во претходните 16 натпревари.

Поранешниот дефанзивец поминал 19 години како играч на Рид од Австрија, а потоа почна тренерска кариера во истиот клуб. Една сезона работел во ЛАСК Линц, потоа уште две во Волфсбург, уште две во Ајнтрахт.

 

ПретходноМакедонија подобра од Црногорките во вториот пријателски меч
СледноЕден од најдобрите фудбалери на Австрија потешко се повреди, го пропушта ЕУРО 2024!