Во саботата за време на средбата меѓу Брентфорд и Ливерпул (1:4), новинарката на ТНС Линси Хипгрејф направи гаф по кој нејзините гости, односно стручни коментатори Џо Кол и Питер Крауч се “утепаа“ од смеење.
Таа во еден момент запраша…
“Гледаме многу високи `деветки` во Премиерлигата оваа сезона, па се поставува прашање…дали величната е битна?“.
На ова некогашните репрезентативци на Англија бурно изреагираа, се насмеаја и тоа слатко. Јасно беше дека нејзиното прашање може да се протолку двосмислено.
Кога новинарката сфати за што станува збор и таа се насмеа.
𝗔 𝗹𝗼𝘁 𝗼𝗳 𝘁𝗼𝘄𝗲𝗿𝗶𝗻𝗴 𝗻𝘂𝗺𝗯𝗲𝗿 𝗻𝗶𝗻𝗲𝘀 𝗶𝗻 𝗣𝗿𝗲𝗺𝗶𝗲𝗿 𝗟𝗲𝗮𝗴𝘂𝗲 𝘁𝗵𝗲𝘀𝗲 𝗱𝗮𝘆𝘀 🤔@lynseyhipgrave was set up perfectly for this question that left Joe Cole and @petercrouch in stitches 🤣 pic.twitter.com/70f3788vSG
— Football on TNT Sports (@footballontnt) February 17, 2024