Секоја чест за Седлоски: Работнички против шампионот мечот го заврши со шест младинци во тимот!

1818

Познато е дека долги години наназад Работнички и тоа како големо внимание посветува на своите млади и талентирани момци. Им дава шанса за настап во првиот тим уште кога имаат 16, 17 години. Па Елиф Елмас е продукт на школата на клубот од Градски парк кој својот прв официјален меч за Работнички го одигра со 16 години.

Ова го велиме поради правилото во тимот да има најмалку еден играч У-21 на средбите во ПМФЛ.

Сепак она што вчера се случи на мечот со Струга ТЛ навистина е за поздрав. Вистински раритет за наши услови.

Затоа велиме секоја чест за тренерот Гоце Седлоски.

Имено Седло не само што во стартниот состав против шампионот ги стави младинците Стефан Деспотовски и Мартин Мисердовски, туку имаше храброст и одважност во финишот да им даде шанса да играат против најдобриот тим во ПМФЛ, уште на четворица младинци и тоа: Матеј Ангелов, Димитар Данев, Никола Манојлов и Георг Стојановски.

Ова значи дека Работнички вчерашното дерби, кое заврши 0:0, против Струга ТЛ го заврши со шест младинци во тимот, на теренот.

Се разбира дека вакво нешто во ПМФЛ не се памети.

И со шест младинци во тимот малку недостигаше Работнички да слави над шампионот, ако ја паметиме шансата на Мазари во последните секунди од мечот.

ПретходноЃоковиќ го држи врвот, Синер со најдобар пласман во кариерата!
СледноМарсеј му врачи отказ на Гатузо!