Исповед на Ибрахимовиќ за тивкиот расизам во Шведска

266

Златан Ибрахимовиќ е роден во Шведска, но поради неговото презиме и карактер немал лесно детство. Тој едноставно не бил прифатен од Швеѓаните, додека растел во квартот Розенгард во Малме, едвај врзувале крај со крај поради сиромаштијата.

Излезот го најде во фудбалот. Во меѓувреме, тој ги закачи копачките и имаше навистина одлична кариера. Сепак, почетокот беше исклучително тежок.

Во една своја исповед, популарниот Ибра откри детали како се борел со скриениот расизам во Шведска.

„Што прават шведските медиуми? Дали ме бранат или ме напаѓаат? Уште ме напаѓаат, не можат да прифатат дека сум Ибрахимовиќ. Доколку друг шведски играч ги направи истите работи како мене, ќе ме бранеа, но кога ќе дојде за мене не ме бранат.

Но, тоа е во ред со мене. Тоа ме прави посилен. Станува збор за расизам. Не велам дека има расизам, но има прикриен расизам. Јас не сум Андерсон или Свенсон, ако бев, верувајте дека ќе ме бранеа и ако ограбев банка. Не ме бранат како што треба. Веројатно сум најдобриот фудбалер во историјата на Шведска, тоа што го направив не е никој друг“.

Тој раскажува за инцидент на тренинг по кој веднаш се потпишувала петиција за да биде избркан.

„Имав инцидент на тренинг. Играч почна агресивно да се однесува кон мене и го удрив со глава бидејќи бев лут. Неговиот татко беше полицаец, тој му испрати писмо на клубот дека треба да ме избркаат и тие ги поделија документите на сите во тимот. Не знаев ништо. Тие им велеа: „Потпишете го ова за да го избркаат Златан од клубот“.

Златан морал да биде десет пати подобар од останатите за да биде забележан од останатите, а во тоа и успеа.

„Бев поинаков. Моето лице беше поинакво. Не бев со светла кожа. Не ми беше лесно како на другите. Чувствував дека морам да бидам десет пати подобар за сите да ме забележат“, заврши Ибрахимовиќ.

Кариерата на Златан траеше повеќе од две децении. Започна во Малме во 1999 година, а преку Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, ЛА Галакси, сето тоа заврши во 2023 година во Милано.

ПретходноКреаторот на чудата на клупата на Баерн Минхен?
СледноОпшта тепачка во НЦАА, летаа боксови (ВИДЕО)