Баерн Минхен очигледно на крајот од сезоната ќе почне да бара нов тренер. Томас Тухел не ги оправда очекувањата и раководството на гигантите од Минхен сериозно размислува за други опции. Еден од нив е тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес.
Под негово водство овој клуб игра навистина феноменално и е на третото место во Бундеслигата зад Баер и Баерн.
Хенес е многу познато лице во Минхен. Себастијан е син на легендарниот Дитер Хенес и внук на долгогодишниот главен оперативец на минхенскиот клуб Улиј Хенес.
Поради тоа што Ули Хенес се уште има големо влијание во одлуките на клубот, многумина се убедени дека 41-годишниот тренер е главен фаворит за преземање на клупата на Баерн, но без разлика на сите приказни, овој млад стручњак покажа во Штутгарт дека е навистина феноменален тренер.
Играта на неговиот клуб е неверојатна. Откако тој го презеде тимот во април минатата година, тие играат навистина неверојатен напаѓачки фудбал, експлодираа и се апсолутен хит во Бундеслигата оваа сезона.